Дома Фудбал Коло Муани одбива други екипи, продолжува трпеливо да чека Јувентус

Коло Муани одбива други екипи, продолжува трпеливо да чека Јувентус

Напаѓачот на Пари Сен Жермен, Рандал Коло Муани, останува сосема смирен за ситуацијата околу себе и продолжува трпеливо да чека Јувентус, тврди трансферниот експерт Фабрицио Романо.

Тој дури одби неколку други понуди, бидејќи претпочита да се врати во тимот од првата престолнина по обединувањето на италијанската држава.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Французинот беше дел од „бијанконерите“ во втората половина од минатата сезона и постигна 10 гола и 3 асистенции во 22 натпревари. Од „Алианц стадио“ сакаат да го ангажираат постојано, но се уште не успеваат да се договорат со паризаните.

Од „Парк де Пренс“ долго време инсистираа на постојан трансфер, но во последната недела изгледаат се повеќе спремни да прифатат понуда за нова позајмица со опција за купување, чија вредност не е позната. Од Јуве се надеваа дека ќе успеат да се разделат со Душан Влаховиќ, што би ослободиле повеќе пари за избор на играчи, но Србинот за сега одбива понудата кон себе и изгледа сè поверојатно дека ќе остане.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Еден штрајкува да си замине од Њукасл, друг да дојде во Њукасл

Парадокс во Премиер лигата. Еден фудбалер штрајкува да си замине од Њукасл, друг штрајкува…