
Арсенал се активираше за да го привлечат Еберечи Езе и се на пат да го надминат својот голем ривал Тотенхем за ѕвездата на Кристал Палас, објавуваат Дејвид Орнстин и Фабрицио Романо.
Ненадејната офанзива на „топџиите“ за офанзивниот играч од средниот ред се должи на денешните вести во врска со нивниот играч Кај Хаверц, кој има повреда на коленото.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Според Романо, Арсенал се обидоа да го надмашат Тотнам со понуда од 60 милиони фунти со полесно изводливи бонуси и побрзо исплаќање на сумата. На „Емиратс“ се убедени дека самиот Езе ќе го преферира нивниот предлог, иако во последните денови се веруваше дека има голема желба да игра во составот на Томас Франк.
Орнстин уверува дека 27-годишниот играч веќе го избрал Арсенал, потсетувајќи дека не само што е фан на клубот, туку и поминал низ клупската академија. Од друга страна, Тотнам токму денес се согласија со Кристал Палас за негов трансфер, но Кристал Палас не брза да го продаде својот клучен фудбалер пред натпреварот со Фредрикстад од плејофите на Конференциската Лига во четврток.
Токму ова им даде шанса на „топџиите“ да се вмешаат и да направат обид за да ја преземат трансферната цел на градскиот ривал. Дејствувачкиот првак на Лига Европа е подготвен да се помири со потенцијалниот пораз во оваа надпревара и да се ориентира кон друго засилување на оваа позиција по тешката повреда на Џејмс Медисон.