Дома Фудбал Салах испиша историја: Ова не му успеало на ниту еден друг фудбалер во Премиер лигата!

Салах испиша историја: Ова не му успеало на ниту еден друг фудбалер во Премиер лигата!

Англискиот фудбал ги дозна имињата на најдобрите од минатата сезона на синоќешната ПФА церемонија во Манчестер, каде што професионалните играчи одлучуваат за наградите. Во идеалниот тим на Премиер лигата, сосема очекувано, доминираат играчи од Ливерпул и Арсенал.

Во најдобриот состав се најдоа Матс Селс од Нотингем Форест, Вирџил ван Дајк од Ливерпул, Вилијам Салиба и Габриел Магалаес од Арсенал, Милош Керкез од Борнмут (кој сега игра за Ливерпул), Деклан Рајс од Арсенал, Алексис Мак Алистер и Рајан Гравенберх од Ливерпул, Мохамед Салах од Ливерпул, Крис Вуд од Нотингем Форест, и Александар Исак од Њукасл.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Мохамед Салах е прогласен за играч на годината, со што стана првиот фудбалер со три ПФА признанија, откако ги освои наградите во 2018 и 2022 година. Конкуренцијата овој пат му беа Алексис Мак Алистер, Александар Исак, Деклан Рајс, Кол Палмер и Бруно Фернандеш.

Ова е десетти пат играч од Ливерпул да добие едно од најпрестижните признанија во Англија. Салах годинава го доби и признанието од новинарите и официјалната награда на Премиер лигата. Во текот на сезоната одигра 52 натпревари, постигна 34 гола и има 23 асистенции, а во Премиер лигата постигна 29 голови и запиша 18 асистенции.

Герет Саутгејт доби посебно ПФА признание. Тој ја води Англија од ноември 2016 година и националниот тим го одведе на четири големи натпреварувања по ред, со финалиња на ЕУРО 2020 и ЕУРО 2024. Наградата за млад играч ја освои Морган Роџерс од Астон Вила. Тој имаше сезона со 54 настапи, 14 голови и 16 асистенции, и беше избран пред Лиам Делап, Дин Хајсен, Милош Керкез и Етан Нванери.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Еден штрајкува да си замине од Њукасл, друг да дојде во Њукасл

Парадокс во Премиер лигата. Еден фудбалер штрајкува да си замине од Њукасл, друг штрајкува…