Дома Фудбал Баерн Минхен се откажа од ѕвездата на Челси!?

Баерн Минхен се откажа од ѕвездата на Челси!?

Во последните 24 часа, откако пропадна трансферот на напаѓачот Ник Волтемајде од Штутгарт, спортскиот директор на Баерн, Макс Еберл, во текот на преостанатиот дел од трансфер периодот ќе се фокусира на позајмици, најави германскиот новинар Флоријан Плетенберг.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Ова значи дека доаѓањето на напаѓачот Кристофер Нкунку сега е тешко остварливо, и покрај постигнатиот договор меѓу играчот и Баерн. Челси, наиме, пак рече дека дозволува само постојан трансфер, а не позајмица. Поради тоа се фрустрирани сите вклучени во преговорите: Нкунку, Еберл, спортскиот директор на Баерн Кристоф Фројнд и тренерот Винсент Компани.

Како што известува Скај Спорт, РБ Лајпциг сè уште е во игра. Преговорите со Челси никогаш не беа целосно прекинати, а интересот за францускиот напаѓач покажуваат уште неколку клубови, не само Лајпциг.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Македонија во новата сезона од ЕХФ купот ќе има четири претставници

Македонскиот ракомет ќе има четири претставници во новата сезона од Европскиот куп на ЕХФ.…