
Некогашниот дефанзивец и капитен на Манчестер Јунајтед, Гери Невил, често ги критикуваше Црвените ѓаволи последните години, но овој пат тие не беа негова мета.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Невил во разговор за Скај Спортс предвиде кој ќе биде шампион на Премиер лигата во сезоната што започна минатиот викенд.
„Би го избрал Арсенал – само од инает, но во реалноста мислам дека Манчестер Сити ќе биде шампион”, рече Невил.
Граѓаните на стартот на шампионатот на гости го декласираа Вулвс (4:0), додека Арсенал беше подобар од Манчестер Јунајтед (1:0).