Дома Фудбал Челси сака да се раздели со уште десетина играчи до затворањето на прозорецот

Челси сака да се раздели со уште десетина играчи до затворањето на прозорецот

Челси веќе продаде речиси цел тим за вкупна сума над 200 милиони фунти, но клубот ќе направи се што може да се раздели со уште десет играчи до крајот на летниот трансферен прозорец.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Меѓу нив се Николас Џексон, Рахим Стерлинг, кој заработува по 300 000 фунти неделно, Кристофер Нкунку, Аксел Дисаси, Ренато Веига, Карни Чуквуемека, Давид Датро Фофана и Бен Чилвел.

Младите Тајрик Џорџ и Аарон Анселмино исто така не се во плановите на Енцо Мареска за новата сезона. Големата желба на клубското раководство е да ги продаде сите нив, доколку има можност, но со наближување кон крајот на прозорецот на “Стамфорд Бриџ” се склони и на позајмици.

Најголем интерес има за Џексон, кој се поврзува со Њукасл, Астон Вила, Милан, Јувентус и Наполи, но сумата која Челси ја бара за напаѓачот е многу висока. За останатите засега нема понуди кои ја задоволуваат клубот.

Челси веќе потроши над 240 милиони фунти за нови играчи ова лето, но му се потребни уште продажби за да ги финализира последните цели – Алехандро Гарначо и Чави Симонс.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Анчелоти ова нема да го прости: Нејмар си „пресуди“ со овој потег (Видео)

Целиот фудбалски свет брои до средината на мај кога селекторот на најтрофејната репрезента…