Дома Фудбал Анчелоти не го повика Винисиус за следните натпревари на Бразил

Анчелоти не го повика Винисиус за следните натпревари на Бразил

Селекторот на фудбалската репрезентација на Бразил Карло Анчелоти одлучи за следната репрезентативна акција да не ја повика ѕвездата на Реал Мадрид и еден од најдобрите играчи во светот Винисиус Жуниор.

Бразил во септември ќе ги одмери силите со Чиле и Боливија во квалификациите за Светското првенство, кое ќе се одржи во 2026 година во САД, Канада и Мексико.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Винисиус има суспензија за мечот против Чиле, но можеше да игра против Боливија.

Ќе остане да се види дали легендарниот италијански стручњак ја донел одлуката сам или во договор со играчот, но логично изгледа дека Анчелоти не сакал да го изложи Винисиус на голем напор кога веќе не игра против Чиле, затоа што дуелот со Боливија ќе се игра во Ел Алто, фамозен град што се наоѓа на 4.150 метри надморска височина.

Анчелоти и Винисиус неколку години успешно соработуваа во Реал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Баерн објави рекорден приход, претседателот ја задржа функцијата

Германскиот фудбалски шампион Баерн Минхен објави рекорден приход од речиси 1 милијарда ев…