Дома Фудбал Сопствениците на Ливерпул дадоа зелено светло за рекордна понуда за Исак

Сопствениците на Ливерпул дадоа зелено светло за рекордна понуда за Исак

Сопствениците на Ливерпул одобрија испраќање на рекордна понуда за напаѓачот на Њукасл Александар Исак.

Според „Сан“, понудата ќе биде 130 милиони фунти и ќе биде испратена во следната недела. Претходната понуда беше веднаш одбиена од „чавките“, и таа беше со вредност од 110 милиони фунти.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Ако биде прифатена новата понуда, тоа би го срушило британскиот трансферен рекорд. Изданието тврди дека официјалната понуда ќе биде испратена по натпреварот меѓу Њукасл и Ливерпул на „Сент Џејмсис Парк“, кој е во понеделник.

Доделени се и најмалку 35 милиони фунти за трансферот на капитенот на Кристал Палас Марк Геи. Така Ливерпул можат да потрошат севкупно 466 милиони фунти на нови играчи само ова лето. Сепак, мeрсисајдците продале играчи за над 200 милиони фунти, а најверојатно ќе има и дополнителни излезни трансфери.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Јамал обвинет за поразот на Барса. Легендата на Реал: Не ја знае историјата на Ел Класико

РЕАЛ Мадрид славеше против Барселона со 2:1 во возбудливиот Ел Класико на стадионот Сантиј…