
Џејми Варди, легендарниот напаѓач на Лестер, наводно очајно сака кариерата да ја продолжи во Селтик и повторно да работи со тренерот Брендан Роџерс. Целта му е да игра професионален фудбал до својата 40-та година. Поранешниот англиски репрезентативец се надева на трансфер во Шкотска пред затворањето на трансфер периодот, пишува „The Sun“.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Иако Брендан Роџерс сака да го доведе 38-годишниот напаѓач во својот тим, мора да се натпреварува со конкуренцијата. За услугите на Варди се заинтересирани англиските прволигаши Вест Хем и Брентфорд, но и амбициозниот Врексам, клуб во сопственост на холивудските ѕвезди Роб МекЕлхени и Рајан Рејнолдс.
Варди цело лето ја бара нова екипа, а формата ја одржува тренирајќи со личен тренер. Извори блиски до играчот тврдат дека е целосно подготвен и уверен дека може да се натпреварува на највисоко ниво уште една или две сезони, што би значело дека врвен фудбал би можел да игра и на 40 години.
„Џејми и натаму верува дека може да игра секоја недела и дека има многу да понуди“, рече извор за SunSport. „Тој е примерен професионалец и одржува одлична кондиција.“
Фото: Принтскрин