Дома Фудбал Aнглискиот напаѓач по бурната расправија се смирил со својата девојка, за раскинот го обвини – алкохолот!

Aнглискиот напаѓач по бурната расправија се смирил со својата девојка, за раскинот го обвини – алкохолот!

Англискиот напаѓач Енди Керол изјави пред британските медиуми дека се смирил со својата девојка Лу Тиздејл по бурната разделба и ветил дека ќе ја спаси нивната врска.

Изразувајќи ги своите чувства кон инфлуенсерката во ексклузивно интервју за британскиот The Sun, Енди изјави:

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


“Ја сакам Лу и ја сакам нејзината фамилија. Како и секој пар, и ние понекогаш се расправаме”, изјави тој.

Енди и Лу се во врска по неговиот раскин со поранешната сопруга Били Маклоу, со која е во процес на развод.

Триесет и шестгодишниот фудбалер призна дека е во тежок период во животот и дека поминува низ болен развод.

“Дел од нашите расправии биле околу алкохолот, бидејќи Лу не пие веќе 14 години, додека јас обично пијам пиво или вино за вечер и по натпреварите, но тоа не е проблем за мене”, изјави Керол.

Парот се раздели минатата среда, а фудбалерот престанал да ја следи Лу на социјалните мрежи. Сепак, после недоразбирањето двојката се смирила. Поранешниот напаѓач на Ливерпул и Њукасл, кој моментално игра за Дагенхам & Редбриџ, вели дека им е подобро заедно и се обидуваат да ги решат несогласувањата.

Полицијата се вмешала два пати поради нивните расправии. Во нивното заедничко соопштение од тоа време стои:

“За време на приватната вечера во ресторан додека бевме на одмор во тишината на Миконос, имавме жешка дискусија каква што понекогаш имаат многу парови”, стои во соопштението.

Енди минатиот месец се врати во Англија, откако го напушти францускиот четвртолигаш Бордо за да игра за Дагенхам & Редбриџ и за да биде поблиску до своите деца, кои живеат во Есекс.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Фудбалерот кој го победи ракот, сега стави потпис на договор со клубот кој многу му значи

Холандскиот напаѓач Себастијан Алер (31) ја напушти Борусија Дортмунд потпишувајќи едногод…