Дома Останати Ѓоргиев: Историски ден, ќе го паметам до крајот на животот!

Ѓоргиев: Историски ден, ќе го паметам до крајот на животот!

Македонската одбојкарска репрезентација вечерва славеше против Грузија и со таа победа официјално обезбеди место на Европското првенство, што ќе биде четврто по ред за нашата селекција.

Меѓу најзабележителните на паркетот повторно беше капитенот Никола Ѓорѓиев, кој по мечот со големи емоции зборуваше за постигнатиот успех.

„Веќе станува нормално Македонија да биде дел од најдобрите во Европа. Тоа е еден сон за кој ако некој ми зборуваше во 2017 година ќе кажев дека не е можно да се случи. Сакам да им честитам на сите кои се дел од овој успех. Денеска Македонија е прегорда, ова е историски ден и датум кој ќе го славам до крајот на животот. Имаме надеж и за во иднина.

Сакам посебно да се збалагодарам на министерот за спорт Борко Ристовски, кој ни овозможи прекрасни услови, ние имаме светски услови. Сè што посакавме ни беше дозволено, а ние се оддолжуваме за тоа со ваквите резултати“; изјави капитенот.

Наредното Европско првенство ќе се игра идната година во четири земји – Бугарија, Финска, Италија и Романија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Од бегалското детство до балканскиот врв: Патот на Марија Вуковиќ

Црногорската скокачка во височина ја заврши 2026 година со медали и личен рекорд, а зад не…