Дома Фудбал Анри за Ѓокереш: Арсенал доби „убиец“

Анри за Ѓокереш: Арсенал доби „убиец“

Легендата на Арсенал, Тјери Анри, имаше само пофални зборови за новото засилување на Топчиите, Виктор Ѓокереш.

Според него, шведскиот репрезентативец е вистинскиот напаѓач за тимот, а тоа се видело уште на пријателскиот меч со Атлетик Билбао.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Поседува инстинкт и веднаш прочита каде ќе заврши центаршутот, потоа следуваше одличен удар со глава – меко, но прецизно, испраќајќи ја топката на спротивната страна од голманот. Типичен гол за вистинска ‘деветка’. Ѓокереш е автентичен број „9“. Секогаш сака да биде во шеснаесетникот и да добива топки. Арсенал со него има убиец во казнетиот простор бидејќи е тим кој создава многу шанси. Но, мора да разберете дека понекогаш работите не функционираат веднаш. Сите треба да бидат трпеливи“, изјави Анри.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Капело: Не можев да заспијам цела ноќ, ова е најголемата трагедија во историјата на Италија

Легендарниот италијански тренер Фабио Капело, како и повеќето Италијанци, е во шок. Видно …