Дома Фудбал Ливерпул официјално го претстави талентот од Италија

Ливерпул официјално го претстави талентот од Италија

Ливерпул официјално го објави трансферот на италијанскиот талент Џовани Леони, кој доаѓа од Парма за 26 милиони фунти плус бонуси.

18-годишниот централен бек потпиша договор на шест години и стана последното ново засилување на шампионите ова лето. Со овој трансфер, шампионите се приближија до границата од 300 милиони фунти, дадени за нови играчи. Клубот досега генерираше над 200 милиони од фудбалерите со кои се раздели.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Леони, кој минатата сезона одигра 17 натпревари во Серија А и постигна еден гол, ќе игра со број 15 на “Енфилд”.

“Многу сум среќен што сум тука. Ова е навистина прекрасно чувство и за мене е чест да бидам тука. Многу сум возбуден. Се чувствувам фален. Бев многу среќен од интересот на Ливерпул. Кога разбрав, си реков: „Боже, ова е лудило.“ Многу сум среќен. Сакам да се развијам многу за време на тренинзите со моите нови соиграчи, а потоа и на теренот – во Премиер лигата и во Лигата на шампионите. Ќе го гледам на стадионот вечерва натпреварот со Борнмут. По тој натпревар започнува и моето ново патешествие”, изјави Леони за официјалната страница на шампионите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Не можеше да ги сокрие емоциите, Салај се расплака по победата против Бормут (Видео)

Египетскиот фудбалер Мохамед Салах не можеше да ги сокрие своите чувства по триумфот на Ли…