Дома Фудбал Артета за шансите за титулата: Ако копаш, еден ден ќе дојдеш до златото!

Артета за шансите за титулата: Ако копаш, еден ден ќе дојдеш до златото!

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, зборуваше за шансите на неговиот тим да ја осворат титулата пред почетокот на новата сезона.

Тимот од Лондон, познат како „Топџиите“, во последните три сезони завршуваше на второто место. Најпрвин два пати зад Манчестер Сити, а минатата сезона зад Ливерпул.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Ако веруваш во она што го правиш, некогаш ќе го постигнеш својот цел. Може да се каже и вака: Ако продолжиш да копаш и бидеш упорен, еден ден ќе најдеш злато. Така ме учат целиот живот“, вели шпанскиот тренер и продолжува:

Кога би гледале на тоа математички, ние собравме повеќе поени од кој било друг тим во лигата во последните три сезони, што многу зборува за нашата постојаност. Сега ни останува тоа да го постигнеме во една сезона“, коментира Микел Артета, пренесуваше BBC.

Арсенал го очекува дерби натпревар веднаш во првото коло на Премиер лигата. Во недела, на 17 август, „Топџиите“ ќе гостуваат на Манчестер Јунајтед на Олд Трафорд.

Новата сезона на Премиер лигата започнува вечерва со натпреварот помеѓу шампионите Ливерпул и Борнмут. Сите интересни детали од овој меч ќе можете да ги најдете на порталот на Спорт клуб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Најплатениот фудбалер во Премиер лигата заработува 2,5 милиони евра месечно!

Поради почетокот на новата сезона, англиските медиуми објавија листа на Топ 10 најплатени …