Дома Фудбал Има само една пречка: Познато што го спречува враќањето на Елмас во Наполи

Има само една пречка: Познато што го спречува враќањето на Елмас во Наполи

Наполи сериозно го активира интересот за македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, а според информациите на „Газета дело Спорт“, веќе е испратена и конкретна понуда до РБ Лајпциг.

Италијанскиот клуб планира во првата сезона да го ангажира Елмас како позајмен играч, а потоа да го откупи неговиот договор. Сепак, пречка е сумата која ја нудат – околу 12,5 милиони евра, што е двојно помалку од 25-те милиони што Лајпциг ги плати на Наполи пред година и пол. Германскиот клуб тешко дека ќе се согласи на вакви услови, што може да ја закочи реализацијата на трансферот.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


„Мисијата ќе биде комплицирана, но во фудбалот никогаш не треба да се каже никогаш“, пишува италијанскиот весник.

Доколку дојде до договор, Наполи би била идеална дестинација за Елмас – градот и тимот му се добро познати од неговата претходна авантура таму. Како што преодниот рок влегува во завршната фаза, наскоро ќе биде познато дали македонскиот ас повторно ќе го облече сино-белиот дрес на клубот од „Сан Паоло“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Баерн има страшен старт на сезоната – девет победи на девет меча!

Баерн Минхен ја започна сезоната на фантастичен начин – со максимален ефект во сите …