Дома Фудбал Новиот дрес на Манчестер Сити предизвика бурни реакции од фановите: „Одвратен е, најлошиот досега“

Новиот дрес на Манчестер Сити предизвика бурни реакции од фановите: „Одвратен е, најлошиот досега“

Новата сезона во Премиер лигата наскоро започнува, а Манчестер Сити со еден потег успеа да ги изнервира своите навивачи. Тимот на Пеп Гвардиола ја отвора сезоната 2025/26 во сабота гостувајќи кај Вулвс, каде веројатно ќе го носи својот нов син домашен дрес. Додека домашниот и вториот, целосно црн дрес, беа добро прифатени, третиот предизвика згрозување, пишува Дејли Мејл.

Инспириран од манчестерскиот дожд

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Клубот од Етихад го претстави третиот дрес чија оригинална верзија чини 130 фунти, а репликата 85 фунти. Овој дрес содржи необична комбинација на сива и електрично зелена боја. Деталниот поглед покажува дезен од дождливи капки врежани на дресот, што би требало да го симболизира типичното дождливо време во Манчестер.

Од Пума изјавија дека дизајнот е “инспириран од познатото манчестерско време” и “наменет за оние кои го носат Сити во своето срце, без разлика дали е дожд или сонце”, стои на веб-страницата на клубот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Олисе и Баерн сакаат состанок, причината е – Реал Мадрид?

Мајкл Олисе сака состанок со челниците на Баерн Минхен по завршување на Светското првенств…