
Имајќи ја предвид сагата со Адемола Лукман, финалистот во Лигата на шампионите Интер е спремен да ја промени својата трансферна стратегија, што може да го оддалечи напаѓачот на Аталанта од преселба во миланскиот клуб, пишува Џанлука Ди Марцио.
Според трансферниот експерт, во Интер сè уште се надеваат да го ангажираат Лукман, но неговиот клуб продолжува да избегнува договор, бидејќи немало контакт помеѓу двете страни во последните 10 дена.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Од друга страна, „нерадзурите“ се задоволни од перформансите ова лето на новите напаѓачи во составот на Кристијан Киву – Франческо Пио Еспозито и Анже-Јоан Бони. Освен тоа, тимот веќе има бројни играчи кои би можеле да делуваат зад централниот напаѓач во новата формација 3-4-2-1.
Затоа, раководството на клубот размислува за можноста за поинаков вид трансфер. За таа цел е нацртан францускиот интернационалец Ману Коне од Рома, кој би можел да биде продажен поради желбата на новиот тренер Џан Пиеро Гасперини да го реструктуира тимот согласно неговите видувања. Во моментот, привлекувањето на францускиот национал е само идеја, која би можела да биде поподробно разгледана од Интер доколку клубот навистина одлучи да се откаже од Лукман. Иако има застој околу него во последно време, од таму сè уште не ја затвориле вратата за потенцијалното негово пристигнување на „Џузепе Меаца“, додава Ди Марцио.