
Ливерпул и Кристал Палас можат да направат размена на двајца свои играчи, за кои другата екипа покажува интерес.
Мерсисајдерите веќе долго време сакаат да го доведат капитенот на „орлите“ Марк Геи за да ја засилат својата одбрана. На „Селхурст Парк“ пак го означиле Харви Елиот како потенцијална замена за Еберечи Езе, за кого силен интерес покажуваат Арсенал и Тотенхем.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Геи има договор кој истекува за помалку од една година и поради оваа причина Ливерпул сака да го ангажира за трансферна сума од околу 30-35 милиони фунти. Кристал Палас инсистира на 40 милиони. Мерсисајдерите исто така го проценуваат Елиот на околу 40 милиони фунти, така што според „Сан“ и „Мирор“ е можно двата клуба да ги разменат своите играчи.
Елиот е поврзуван и со РБ Лајпциг, Брајтон и Вест Хем.