Дома Фудбал Рома спреми понуда за Санчо

Рома спреми понуда за Санчо

Од Рома испратиле официјална понуда до Манчестер Јунајтед за крилото Џејдон Санчо, известува Фабрицио Романо.

Станува збор за почетен заем кој лесно може да стане постојан трансфер преку клаузула во вредност од 23 милиони евра. Самиот играч веќе ја даде својата согласност да премине на “Олимпико”.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Џанлука Ди Марцио потврдува за испратената понуда, додавајќи дека средствата за овој трансфер може да дојдат од потенцијалната продажба на полусредниот играч Ману Коне во Интер.

Поважно е што разделбата со францускиот репрезентативец може да го финансира и приклучувањето на уште едно крило во составот на Џан Пјеро Гасперини. Се работи за Леон Бејли, за кого Рома води преговори со Астон Вила. Се верува дека понудата на “волците” е со иста формула како онаа за Санчо, како и на многу слична цена.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Некогаш „Златната копачка“ на СП остана никаде не може да се заджи, панично остана без клуб на седум месеци пред Мундијалот!

Колумбија беше вистински хит на Светското првенство во фудбал 2014 година во Бразил. По од…