Дома Останати На денешен ден се одржа најпозната трка на 100 метри во историјата (Видео)

На денешен ден се одржа најпозната трка на 100 метри во историјата (Видео)

Усейн Болт на Олимписките игри во Рио де Жанеиро го остави својот траен белег во спортската историја.

Како еден од најпризнатите атлетичари во историјата на спринтерскиот спорт, Болт се издвојува со своите постигнувања.

На денешен ден, 14 август 2016 година, Болт на Олимписките игри во Рио де Жанеиро направи нешто што никогаш претходно не беше забележано.

Тој победи на трката на 100 метри и освои златен медал со време од 9,81 секунда, со што стана првиот атлетичар во историјата кој трипати освои златен медал во оваа дисциплина на Олимписките игри.

Болт успеа да триумфира на трката на 100 метри и во Лондон 2012 и во Пекинг 2008, поставувајќи нови рекорди.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Спид истрча 100 метри за 10,35 пред Болт: Следна цел му се Олимписките игри!

Американскиот стример го воодушеви Јусеин Болт со неофицијален спринт, а зад неговиот напр…