Дома Фудбал УЕФА пред вчерашниот Суперкуп испрати јасна порака до Израел (Фото)

УЕФА пред вчерашниот Суперкуп испрати јасна порака до Израел (Фото)

УЕФА вчера ја објави најновата хуманитарна иницијатива со цел да се помогне на децата погодени од војна, особено во Појасот Газа, а потоа на натпреварот од Суперкупот на Европа меѓу ПСЖ и Тотенхем, упати јасна порака на Израел.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Фондацијата на УЕФА воспостави нови партнерства со три познати хуманитарни организации кои обезбедуваат клучна помош за децата во Газа – Лекари на светот (Médecins du Monde), Лекари без граници (Médecins Sans Frontières) и Handicap International.

„Како и што да мислат возрасните кои водат војни, децата се невини. Но во секој судир, тие секојдневно умираат и мораме да направиме сѐ што можеме за да помогнеме на оние кои се обидуваат да го направат животот поднослив и нормален“, истакна претседателот на УЕФА и претседавач на Фондацијата, Александар Чеферин.

Пред почетокот на натпреварот, покрај логото на Суперкупот на Европа на тревата на стадионот во Удине беше поставен голем транспарент со натписот „Престанете со убивањето на деца, престанете со убивањето на цивилите“, што е силна порака до Израел поради дејствијата врз палестинското население во Појасот Газа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ФИФА сака 64 земји на Светското првенство во 2030! Постои една причин…

Претстојното Светско првенство брои 48 учесници, но тука не завршуваат проширувањата. Најг…