Дома Фудбал Тотенхем – од готово вересија, ПСЖ е апсолутен владетел на Европа!

Тотенхем – од готово вересија, ПСЖ е апсолутен владетел на Европа!

Пари Сен Жермен освои уште еден европски трофеј, Суперкупот на УЕФА, триумфирајќи по големо враќање во 90-те минути и нерешениот резултат 2:2, по што следеше пенал серија и конечни 4:3.

Тотенхем поведе во 39. минута преку холандскиот дефанзивец Мики ван де Вен.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Веднаш на почетокот на второто полувреме, Тотенхем стекна поголема предност – иако поседот на топката беше на страната на ПСЖ. Сега Сенегалецот Пап Сар изведе прекин и „пронајде“ Аргентинецот Кристијан Ромеро, кој со глава го матираше 23-годишниот Шевалије, а новиот чувар на мрежата на францускиот тим мораше подобро да интервенира.

 Во 85. минута, се претчувствуваше можниот пресврт на „светците“ со разорен удар надвор од шеснаесетникот. Следуваше шок за Тотенхем – изедначувачкиот гол на португалскиот напаѓач Гонзало Рамош.

Во пенал серијата, Витиња промаши во првата серија, и Тотенхем беше во предност. Но Шевалије го одбрани пеналот на ван де Вен, а потоа Тел го промаши голот, за до крајот ПСЖ да не направи грешка, односно да ги реализира сите удари од белата точка и да слави триумф од 4-3 по пенал серијата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Милан се засилува со ѕвезда на Баерн

Милан во зимскиот преоден рок сака да го засили тимот, а приоритет ќе биде доведување на и…