Дома Фудбал Манчестер Јунајтед му поставил ултиматум на Антони

Манчестер Јунајтед му поставил ултиматум на Антони

Од Манчестер Јунајтед му поставиле ултиматум на Антони до крајот на оваа недела да прифати една од понудите кои ги има, за да го напушти клубот, објави локалниот весник „ABC Севиља“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Во моментот, бразилецот има неколку понуди во вредност од 30 до 40 милиони евра, од кои една е од Саудиска Арабија, но тој е решен дека сака повторно да се врати во Бетис, каде ја помина втората половина на минатата сезона.

Токму со тимот на „зелено-белите“ тој импресионираше со своите настапи и постигна 9 гола и 5 асистенции во 26 натпревари. Од „Олд Трафорд“, пак, биле категорични дека мора да избере тим во кој ќе премине, бидејќи во спротивно ќе ја помине следната сезона во подготовка со младинските тимови и ќе ги гледа натпреварите на тимот од трибините.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Светот беше згрозен од начинот на кој беше пречекана химната на Иран во Калифорнија (Видео)

Пред почетокот на натпреварот меѓу Иран и Нов Зеланд во првото коло на Светското првенство…