Дома Фудбал Раководството на Барселона го одобри начинот на кој ќе ги регистрира нерегистрираните играчи

Раководството на Барселона го одобри начинот на кој ќе ги регистрира нерегистрираните играчи

На вонреден состанок на раководството на Барселона, клубските директори едногласно ја одобрија одлуката да се депонира гаранција од 7 милиони евра во Ла Лига, со цел нерегистрираните играчи да бидат регистрирани, пренесуваат каталонските медиуми.

На овој начин ќе се покрие дефицитот од токму 7 милиони евра поради несогласувања во сметководството на Барселона за изминатата сезона. До потребата од гласање за гаранција се стигна, откако се уште не се одобрени сумите кои клубот ќе ги добие од продажбата на ВИП места на обновениот „Камп Ноу“ и од спонзорскиот договор со ДР Конго.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Ако Ла Лига ја прифати гаранцијата на шпанскиот шампион, тоа ќе овозможи регистрација на барем четворица играчи: новите засилувања Жоан Гарсија и Маркус Рашфорд, како и оние кои повторно потпишаа Војчех Шчесни и Жерард Мартин. Руини Барџи, Марк Бернал и Ектор Форт исто така се уште не се регистрирани, но доколку е потребно, тие можат формално да бидат приклучени кон клубскиот дубл.

Најитна е регистрацијата на голманите Гарсија и Шчесни, бидејќи првиот меч на Барса во Ла Лига во новата сезона е во недела, кога тимот гостува на Мајорка. Во моментот единствениот достапен голман за овој натпревар е Ињаки Пења, кој немаше ниту една минута во претсезонските подготовки на каталонците.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Алко-тест за навивачите на влез на стадион: Полицијата приведува и воспостави нулта толеранција пред мечот

Ако не го поминеш алко-тестот, не можеш да влезеш на стадионот – ова е јасно формулирано п…