Дома Фудбал Реал утре ќе го претстави големиот аргентински талент

Реал утре ќе го претстави големиот аргентински талент

Реал Мадрид утре ќе го претстави едно од своите летни новитети, на кое вложува големи надежи.

Тоа е уште 17-годишниот аргентинец Франко Мастантуоно, за кого „кралевите“ платија на Ривер Плејт вкупно 63 милиони евра, и на тој начин тинејџерот стана најскапиот трансфер во целата историја на аргентинскиот фудбал.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Церемонијата ќе започне во 13 часот, а претходно претседателот Флорентино Перес ќе го прими аргентинецот за протоколарниот чин на потпишување на договорот, кој го врзува со кралскиот клуб за шест сезони. По претставувањето, аргентинецот ќе зборува пред медиумите.

Датумот не е случајно избран, бидејќи токму утре Мастантуоно го слави својот роденден и станува полнолетен. До сега тој немаше право да тренира со Реал Мадрид, иако пристигна во шпанската престолнина уште на 3 август.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Де Ла Фуенте за драмата со Јамал: Вакво нешто првпат ми се случува, не ми баш нормално!

Тренерот на шпанската репрезентација, Луис де ла Фуенте, го изрази своето незадоволство по…