Дома Фудбал „Бомба“: Донарума се договорил со новиот клуб, наскоро ќе стави потпис!

„Бомба“: Донарума се договорил со новиот клуб, наскоро ќе стави потпис!

Италијанскиот голман Џанлуиџи Донарума, кој се смета за еден од најдобрите на позицијата голман, има уште само 11 месеци од договорот со ПСЖ, а сите индикации се дека ќе ја продолжи својата кариера во Манчестер Сити, според францускиот весник L’Equipe.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Наводно, 26-годишниот голман веќе ги договорил условите со “Граѓаните”, вклучувајќи ја и годишната плата што ќе ја добива.

Раководството на ПСЖ бара отштета од 50 милиони евра, а останува клубовите да се договорат околу точниот износ на трансферот.

Донарума пристигна во ПСЖ пред четири години од Милан, уште тогаш како слободен играч.

Од тој момент се покажа како сигурен чувар на мрежата и изненади многумина одлуката на раководството на ПСЖ да се откаже од италијанскиот репрезентативец.

ПСЖ веќе го доведе наследникот на Донарума, а тоа е Лукас Шевалие за кого ќе исплатат 55 милиони евра на Лил, вклучувајќи и бонуси.

Како потсетување, ПСЖ го објави списокот на играчи за финалето на европскиот Суперкуп против Тотенхем, потврдувајќи дека Донарума не е вклучен во екипата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Бизарна пречка: Франција менува закон за да му овозможи на Зидан да ја преземе репрезентацијата

Зинедин Зидан со години чекаше можност да седне на клупата на француската репрезентација, …