Дома Фудбал Какво лудило: Турците оставија над пет милиони коментари на објавата на Санчо!

Какво лудило: Турците оставија над пет милиони коментари на објавата на Санчо!

Англискиот офанзивец Џејдон Санчо (25) веројатно немаше поим дека неговата објава од 24 јули ќе стане толку популарна на социјалните мрежи и буквално ќе ја преполни интернетот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Санчо тогаш на својот Инстаграм сподели серија фотографии од одморот, а до сега објавата собра неверојатни 5,3 милиони коментари.

Профилот на Англичанецот беше преплавен од навивачите на Бешикташ, кои оставија милиони коментари со покани да се приклучи на славниот турски клуб.

Со ова, објавата се најде меѓу петте најкоментирани објави во историјата на оваа социјална мрежа.

Да потсетиме, Санчо е на излезни врати од Манчестер Јунајтед, со договор кој истекува следното лето.

Претходно медиумите објавуваа дека Борусија Дортмунд и Јувентус се најблиску до неговото доведување, а се појавија и гласини за Рома.

Во целата ситуација се вклучи и Бешикташ, останувајќи простор да видиме каде ќе заврши офанзивецот чие пазарно вреднување изнесува 28 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барселона подготвува спектакуларно засилување кое би ги воодушевило навивачите!

Барселона оствари контакти со претставниците на Хари Кејн за да ја испита опцијата за потп…