
Ханси Флик би можел да има големи проблеми следната сезона доколку остане без еден од најважните фудбалери.
Имено, ѕвездата на Барселона, Роберт Левандовски може да направи голем трансфер и да ја напушти Барселона ова лето откако доби понуда од 50 милиони евра годишно.
ВАР во македонскиот фудбал – Разговор со Дејан Јакимовски | Уште еден поткаст
Левандовски наполни 37 години порано овој месец и има договор со Барселона до следното лето. Во Барселона Полјакот пристигна од Баерн во 2022 година.
И покрај тоа што има 37 години, Левандовски играше одлично во дресот на Барселона, минатата сезона постигна 42 гола во 52 натпревари во сите натпреварувања.
Сите очекуваа дека и следната сезона ќе го предводи нападот на Барселона, а тоа го изјави и самиот во јуни за BILD.
“Тоа не е проблем за мене, останувам и следната сезона. Моментално, моите мисли се насочени само кон Барселона.
Нашиот тим ќе биде уште подобар наредната сезона. Физички се чувствувам одлично.
Моето тело е како да имам 30 години. Мислам дека тоа не е лошо бидејќи се чувствувам добро. На крај на краевите, правам тоа што срцето и умот ми велат”, рече Левандовски.
Сепак, сега дојде до одредени промени и иднината на Левандовски во Барселона повеќе не е толку сигурна, а причината е понудата која стигна на неговата адреса од Саудиска Арабија.
Како што пренесува шпанскиот El Nacional, ѕвездата на Барселона доби понуда да потпише договор на две години и би заработил 100 милиони евра.
Фото: Grok AI