Дома Фудбал Донарума се огласи откако беше исфрлен од тимот на ПСЖ: Разочаран сум и тажен

Донарума се огласи откако беше исфрлен од тимот на ПСЖ: Разочаран сум и тажен

ПАРИ СЕН ЖЕРМЕН официјално го објави списокот на играчи за финалето на УЕФА Суперкупот против Тотенхем, потврдувајќи дека италијанскиот репрезентативен голман Џанлуиџи Донарума не е вклучен во тимот по доаѓањето на Лукас Шевалије.

И покрај тоа што минатата сезона беше еден од клучните играчи во освојувањето на првиот трофеј во Лигата на шампионите, Донарума беше исфрлен од составот и нема да патува на натпреварот во Суперкупот. Донарума се огласи на Инстаграм и изјави дека неговата приказна во Париз завршува.

“Секогаш со себе ќе ги носам спомените на сите емоции”

ВАР во македонскиот фудбал – Разговор со Дејан Јакимовски | Уште еден поткаст


“Од првиот ден кога пристигнав, се вложив максимално и на теренот и надвор од него за да го заслужам своето место и да го бранам голот на Пари Сен Жермен. За жал, некој одлучи дека веќе нема да можам да бидам дел од тимот и да придонесувам за успесите на екипата. Многу сум разочаран и тажен.

Се надевам дека ќе имам можност уште еднаш да ги погледнам навивачите на Паркот на принцовите во очи и да се простам како што треба. Доколку тоа не е возможно, сакам да знаете дека вашата поддршка и приврзаност значеше многу за мене, и никогаш нема да го заборавам тоа. Секогаш со себе ќе ги носам спомените на сите емоции, магични вечери и вас, кои ми овозможивте да се чувствувам како дома.

На моите соиграчи, мојата втора фамилија, ви благодарам за секоја борба, секоја смеа, секој момент што го споделивме. Засекогаш ќе бидете моите браќа. Да се игра за овој клуб и да се живее во овој град беше огромна чест. Благодарам, Париз”, напиша тој.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тотенхем – од готово вересија, ПСЖ е апсолутен владетел на Европа!

Пари Сен Жермен освои уште еден европски трофеј, Суперкупот на УЕФА, триумфирајќи по голем…