Дома Фудбал Сити може да ја искористи ситуацијата на Донарума во ПСЖ

Сити може да ја искористи ситуацијата на Донарума во ПСЖ

Од Манчестер Сити веќе воспоставиле контакт со Пари Сен Жермен за можноста за привлекување на Џанлуиджи Донарума, откако конечно се дозна дека европскиот клубски првак сака да се раздели со голманот, објавуваат различни извори.

Според информациите, англискиот клуб решил да се насочи кон Донарума поради очекуваниот трансфер на актуелниот голман Едерсон во Галатасарај.

Од Сити немаат проблеми со финансиските барања на италијанскиот голман, но истото не може да се каже за сумата која му е поставена од ПСЖ. Францускиот шампион инсистира да добие околу 50 милиони евра за 26-годишниот голман, иако неговиот договор истекува следното лето. Од друга страна, Челси не претставува конкуренција за потписот на голманот, бидејќи светскиот клубски шампион не се интересира за него.

Во меѓувреме, Едерсон веќе постигнал договор со Галатасарај за тригодишен договор со плата од 7 милиони евра по сезона, додека понудата на турскиот шампион кон “граѓаните” изнесува 3 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ништо од големо засилување за Спалети: Поранешниот фудбалер на Милан нема да потпише за Јувентус

Утрово заврши една од големите летни саги откако познатиот африкански фудбалер Франк Кеси …