Дома Фудбал Левандовски: Му кажав “да” на Манчестер Јунајтед

Левандовски: Му кажав “да” на Манчестер Јунајтед

Роберт Левандовски бил многу блиску до трансфер во Манчестер Јунајтед. Полскиот напаѓач откри дека силно сакал да игра на “Олд Трафорд” и во еден момент се согласил да се пресели таму. Тоа се случило во 2012 година, кога Левандовски беше во Борусија Дортмунд.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


“Сакав да преминам во Манчестер Јунајтед, да работам со Алекс Фергусон. И реков “да”. Но, Борусија не сакаше да ме продаде, затоа што знаеја дека ако останам, можат да заработат повеќе пари и сакаа да почекам една до две години. Но, вистина е дека реков “да” на Манчестер Јунајтед”, сподели Левандовски пред “Би Би Си”.

Кариерата на Полјакот тргнува во друга насока и тој се префрли во Бајерн Минхен, каде што ја освои Лигата на шампионите и постави бројни рекорди. 37-годишниот напаѓач на Барселона вели дека нема намера скоро да се пензионира.

“Веројатно жалам што не сум играл во Премиер лигата. Но, кога ќе погледнам наназад, сум играл за Бајерн, Дортмунд и сега Барселона. Морам да признаам дека сум многу задоволен од мојата кариера. Немам чувство дека нешто ми недостасува, бидејќи секој трансфер или одлука сум ги носел, затоа што така сум сакал”, додава тој.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Навивачите на Иран подигнаа транспарент што ќе ги налути Американците (Видео)

Мечот од првото коло на групата Х на Светското првенство помеѓу Иран и Нов Зеланд во Инглв…