Дома Фудбал „Бомба“: Винисиус Жуниор може да заврши во Премиер лигата, преговорите започнале!

„Бомба“: Винисиус Жуниор може да заврши во Премиер лигата, преговорите започнале!

Пред две години, Винициус Жуниор беше несомнено ѕвезда, а според некои мислења и ликовен симбол на Реал Мадрид. Сепак, во односот меѓу клубот и играчот многу работи се променија, до тој степен што стануваат се почести шпекулациите за разделба.

Клучните проблеми за новонастанатата состојба се изборот за Златната Топка каде што на Бразилецот му измакна веќе предвидената победа, но и новата ѕвезда на клубот од Сантјаго Бернабеу, Килијан Мбапе, кој го “украде славата” на Бразилецот кој почна да губи од формата.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Дополнително, се појавија приказни дека двајцата соиграчи не се баш во добри односи, а сето тоа како да го поттикна Бразилецот да размислува за заминување.

Некои медиуми под ознаката „ексклузивно“ објавуваат информација дека агентите на Бразилецот тајно се сретнале со претставници на Манчестер Сити. Сепак, предизвик за играчот претставува процесот од 115 тужби со кои Сити се соочува.

Развојот на ситуацијата го следат и градскиот ривал Јунајтед, како и Ливерпул, Арсенал и Челси.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Силната игра на Арда Ѓулер ја празни касата на Реал Мадрид

Избрусувањето на дијамант е процес кој бара време, но и пари. Довербата на Чаби Алонсо во …