
Македонскот фудбалер, Елиф Елмас би можел да се врати во Наполи пренесуваат италијанските медиуми.
Информациите од Италја се дека Елмас може да стане се она што не успеа Ндоје, „џокер“ кој може да се користи во срединта и како лево крило.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
„Токму како во шампионската сезона 2022-2023. Елмас има сè што е потребно: физичка сила, голови, асистенции, експлозивност, интензитет во дефанзивната фаза“, пишуваат медиумите.
Наполи наводно би сакал да го земе на позајмица од Лајпциг, клубот на кој го продаде во декември 2023.
Се водеа и преговори со Торино каде што настапуваше како позајмен фудбалер изминатата сезона, но калчолигашот не пронајде заеднички јазик со Лајпциг.