Дома Фудбал Трансфер сензација: Коман го менува Баерн со Ал Наср кај Кристијано Роналдо

Трансфер сензација: Коман го менува Баерн со Ал Наср кај Кристијано Роналдо

Францускиот репрезентативец Кингсли Коман наскоро ќе биде нов играч на Ал Наср. Клубот од Ријад, каде што главната ѕвезда е Кристијано Роналдо, постигна договор со Баерн Минхен, а очекувањата се дека трансферот ќе биде официјализиран во следните денови.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


По засилувањата со Жоао Феликс и Иниго Мартинез, Ал Наср продолжува со амбициозни трансфери – а Коман е несомнено едно од најгласните имиња досега.

Коман, кој постигна победнички гол во финалето на Лигата на шампионите во 2020 година против ПСЖ и ја донесе последната европска титула на Баерн, сега одлучи да ја продолжи кариерата во Саудиска Арабија.

Вредноста на трансферот се проценува на околу 30 милиони евра, што е уште еден показател за тоа колку Ал Наср е подготвен да инвестира во квалитетни играчи.

И покрај бројните повреди во неговата кариера, Коман се уште има способност да направи разлика на теренот. Во минатата сезона забележа 45 настапи, постигнувајќи девет голови и шест асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Интер го потврди засилувањето од 35 милиони евра

Интер го официјализираше ангажманот на Џед Спенс (26) од Тотенхем. Англискиот репрезентати…