
Евертон денес успеа да се договори за пристигнувањето на едно од најголемите засилувања во последните неколку години, откако Џек Грилиш ќе стане нов член на клубот.
Евертон успеа да договорат дека Грилиш на позајмица ќе дојде од Манчестер Сити, каде што минатата сезона не доби можност за играње.
🚨💣 ЕКСКЛУЗИВНО: Џек Грилиш во Евертон, тука сме! Позајмицата договорена со Ман Сити, а лекарскиот преглед е закажан за подоцна денес.
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) August 11, 2025
Грилиш се согласи на #EFC проектот и спремен е да го оствари трансферот во следните 24 часа.
Нова аквизиција за Дејвид Моес. 🔵🃏 pic.twitter.com/iP4e0rh7yb
Последните години Грилиш се покажа како неисполнување на очекувањата на Сити, кој за него на Астон Вила во летото 2021 плати 117 милиони евра, а сега граѓаните одлучија да го отстапат.
ВАР во македонскиот фудбал – Разговор со Дејан Јакимовски | Уште еден поткаст
Лекарските прегледи се веќе закажани за денес и по нивно завршување, Грилиш ќе биде официјално претставен на новиот стадион Хил Дикинсон.
Во последните четири години за Сити, Грилиш играше на 157 натпревари, постигнувајќи само 17 голови и 23 асистенции. Со Сити, Грилиш освои три премиер лиги и еднаш беа европски шампиони во Лигата на шампионите.
Евертон последните години постојано се бореше за опстанок во Премиер лигата на Англија, а ова лето донесе неколку значајни засилувања и очекува прогрес на тимот.
Пред Грилиш, на новиот стадион Хил Дикинсон пристигнаа Тиерно Бари, Кирнен Дјусбери-Хол, Карлос Алкараз, Адам Азноу и Марк Траверс.