
Екипата на Вардар ги потврди цените на билетите за сите домашни средби до крајот на сезоната во ПМФЛ.
Како што информираа од клубот, одлуката е донесена на последната редовна седница на Одборот на директори, при што билетите за јужната трибина на Арената „Тодор Проески“ ќе чинат 200 денари, а за источната 100 денари.
ВАР во македонскиот фудбал – Разговор со Дејан Јакимовски | Уште еден поткаст
„Цената на билетите за сите натпревари кои ФК Вардар ќе ги игра на домашен терен до крајот на сезоната 2025/26 е 200 денари за југ и 100 денари за исток“, стои во соопштението на клубот.
Црвено-црните во петокот го пречекаа Пелистер во првото коло од новата сезона, а планот е сите мечеви како домаќини да ги играат на Националната арена.