Дома Фудбал Серафимов кариерата ја продолжува во Бугарија, денеска треба да го комплетира трансферот!

Серафимов кариерата ја продолжува во Бугарија, денеска треба да го комплетира трансферот!

Македонскиот репрезентативец Никола Серафимов е на чекор до нова авантура во кариерата, откако според пишувањата на бугарските медиуми, ќе го облече дресот на Левски Софија.

Очекувањата се дека 23-годишниот стопер денеска ќе ги заврши медицинските тестови, по што и официјално ќе биде претставен како ново засилување на еден од најтрофејните клубови во Бугарија.

Серафимов во редовите на „сините“ доаѓа од унгарскиот Фехервар, а во минатото ги бранеше боите и на Залаегершег, Академија Пандев и Вардар, како и на Пелистер и Брегалница каде настапуваше како позајмен играч.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Манчестер Јунајтед би можел да го ангажира Андерсон ако Сити се казни

Манчестер Јунајтед може да добие нова шанса за потпис со Елиот Андерсон ако Манчестер Сити…