Дома Фудбал Скандал на Островот: Судијата мораше да ја прекине минутата молк во чест на Жота (Видео)

Скандал на Островот: Судијата мораше да ја прекине минутата молк во чест на Жота (Видео)

Ливерпул вчера на Вембли го одигра својот прв официјален натпревар во новата сезона и доживеа пораз во борбата за трофејот на Community Shield, натпреварување кое го играат шампионот на Премиер Лигата и победникот на ФА Купот.

На Вембли, Ливерпул ги вкрсти копјата со Кристал Палас, кој го совлада со подобро изведување на пеналите откако резултатот во редовното време беше 2:2.

ВАР во македонскиот фудбал – Разговор со Дејан Јакимовски | Уште еден поткаст


Спектаклот на Вембли беше засенет од несоодветното однесување на група навивачи кои го нарушија искажаното почитување спрема неодамна починатиот играч на Редсите, Диого Жота.

Судијата Крис Кавана беше принуден да го прекине оддавањето почит со минута молк откако врева од делот со навивачите на Кристал Палас предизвика гнев и остри реакции од остатокот од стадионот.

Вирџил ван Дајк, капитенот на Ливерпул, го осуди нивното однесување.

“Да, разочаран сум. Тоа е сè што можам да кажам. Многумина се обидуваа да ги смират, но очигледно без успех. Така, како што е. Не можеш да контролираш толку многу луѓе. 80 000? Така, разочарувачки е тоа да се чуе, но ако тие луѓе се вратат дома и се чувствуваат добро во својата кожа…”, изјави Ван Дајк.

Од друга страна, менаџерот на Ливерпул, Арне Слот беше малку повоздржан во критиките кон неодговорната група навивачи.

“Не мислам дека тоа беше планирано. Можеби некој навивач не беше свесен дека има минута молк, па се радуваше за својата екипа, а потоа навивачите на Палас се обидуваа да го смират, а нашите реагираа,” рече Слот.

“Не мислам дека имаа какви било лоши намери. Сум позитивна личност. Го гледам почитувањето кое му е изразено на Диого и Андре низ целиот свет,” додаде Холанѓанецот.

Да потсетиме, Диого Жота загина во сообраќајна несреќа на почетокот на јули на северот на Шпанија, заедно со неговиот брат Андре.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Реал Мадрид поставил цена за Родриго, Манчестер сити е во игра – одлуката е само на фудбалерот!

Реал Мадрид останува цврсти и покрај извештаите на трансфер експертот Фабрицио Романо дека…