
Трката “Наскар Спортсмен Дивизија” која се одржа во саботата, на стадионот “Боуман Греј” во Северна Каролина, заврши со трагедија, бидејќи искусниот 53-годишен возач, Роби Брувер, почина за време на истата, по тешка несреќа.
Сударот се случи четири круга пред крајот на првата од две возења од по 20 круга. Брувер возеше на четвртата позиција кога изгуби контрола над возилото, излета кон оградата, отскокна и удри во возило на противник, за потоа полека да се запре на бариерата.
ВАР во македонскиот фудбал – Разговор со Дејан Јакимовски | Уште еден поткаст
Спасувачите веднаш пристигнаа на местото на несреќата и се обидоа да го извлечат Брувер, но мораа да го исечат кровот на автомобилот. Возачот беше пренесен во болница, каде во неделата беше потврдена неговата смрт.
Според извори на “ФлоРейсинг”, Брувер за време на трката доживеал срцев удар, но не е јасно дали тој бил причина или последица на несреќата.
Инаку, Брувер беше легенда на локалните трки во Северна Каролина и познат како еден од најискусните возачи на стадионот “Боуман Греј”. Тркачката кариера ја започна во 1990 година и од тогаш учествуваше во стотици трки. Освои 11 титули во Спортсмен дивизијата, беше шампион на таа дивизија во 2011 година, а во 2015 постигна четири победи.
Трагедија на стадионот Боуман Греј синоќа за време на трка од Спортсмен серијата. Поранешниот шампион на патеката Роби Брувер претрпе смртоносен срцев удар за време на повторното започнување во кругот 16. Неговото возило се забрза кон ѕидот на свиокот 4 со полна гас. Екипите на безбедност мораа да го отворат покривот за да дојдат до него. Тој… pic.twitter.com/dyVFss6tPc
— Скот (@RandomHeroWX) 10 Август, 2025
Фотографија: Принтскрин