
Се изгледа дека наскоро ќе го видиме Савињо во Лондон. Овој 21-годишен фудбалер на Манчестер Сити веќе некое време се поврзува со Тотенхем, а сега сме уште поблиску до реализацијата на трансферот, според Фабрицио Романо.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Преговорите официјално започнаа, Тотенхем сака што побрзо да го има во своите редови, можеби и пред самиот почеток на првенството, а посебно го посакува Томас Франк, новиот тренер на клубот.
Колку би можел да чини? Тотенхем е подготвен да оди далеку, а Манчестер Сити нема да прифати сума под 45 милиони фунти.
Савињо е отворен за трансфер, сака да го промени клубот бидејќи и тој самиот разбира дека би можел да биде голема ѕвезда на Тотенхем.
Во Манчестер Сити минатата сезона Савињо играше на 29 натпревари во Премиер лигата, постигна еден гол и додаде 8 асистенции.
Фотографија: Принтскрин