Дома Фудбал Милан го договори новото засилување, цената е 25 милиони евра

Милан го договори новото засилување, цената е 25 милиони евра

Трансфер периодот за Милан очигледно сè уште не е завршен. Росонерите договорија ново засилување, а цената е дваесет милиони евра.

Повеќе извори наведуваат дека Милан постигнал усен договор со Џенова за Кони Де Винтер за 20 милиони евра плус бонуси, а дефанзивецот ги прифатил личните услови.

ТОП 11 МАКЕДОНСКИ ЈАВНИ ЛИЧНОСТИ - *Football Edition*


Преговорите брзо напредуваа во текот на вчерашниот ден, а утрово сето тоа го потврди Ла Газета дело Спорт.

Го означија овој фудбалер како идеална замена за Малик Тиав, кој утре ќе ги изврши лекарските прегледи во Њукасл Јунајтед за да го комплетира трансферот вреден 40 милиони евра.

Де Винтер претходно беше поврзуван со Интер, Јувентус и Борнмут, но Милан дојде со договор кој, изгледа, одговараше на сите.

Според Фабрицио Романо, фиксната такса изнесува 20 милиони евра, но други извори, вклучувајќи го „MilanNews“, инсистираат дека постојат и дополнителни трошоци.

Тоа треба да значи дека на крајот Џенова ќе добие барани првични 25 милиони евра.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Серхио Бускетс објави дека заминува во пензија

СЕРХИО БУСКЕТС, еден од најдобрите играчи на средина од теренот во историјата на фудбалот,…