Дома Фудбал Манчестер Јунајтед руши трансфер рекорд

Манчестер Јунајтед руши трансфер рекорд

Претставници на Манчестер јунајтед вчера се сретнале со менаџерот на фудбалерот на Брајтон, Карлос Балеба.

Младиот 21-годишен играч од средниот ред, пристигна во Брајтон пред две години за 27 милиони евра од Лил.

Медиумите на островот пишуваат дека Брајтон е подготвен да го продаде само за 120 милиони евра. Доколку трансферот биде реалиизран за оваа сума, Јунајтед ќе го сруши клупскиот трансфер рекорд.

„Тие разговараа за времетраењето на договорот и платата и сакаат сè да биде договорено пред да ја испратат понудата до Брајтон“, пишува Фабрицио Романо.

Преговорите меѓу двете страни се во напредна фаза и „црвените ѓаволи“ се обидуваат да ја намалат бараната сума.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Пројковска на европска задача: во Лондон ќе го води дуелот Арсенал – Бенфика

Ивана Пројковска е назначена за главна судијка на средбата од третото коло во женската Лиг…