Дома Фудбал „Златната топка“ по грешка му честиташе роденден на Модриќ, Хрватот одговори

„Златната топка“ по грешка му честиташе роденден на Модриќ, Хрватот одговори

Официјалниот Инстаграм профил на Златната топка по грешка го поздрави Лука Модриќ за роденден денес. Набргу, Модриќ реагираше со шеговит коментар, одговарајќи: “Следниот месец е, но сепак благодарам”.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Модриќ на 9-ти септември ќе го прослави својот 40-ти роденден. Иако е во позрела фаза на кариерата, хрватскиот фудбалер неодамна потпиша со Милан откако од 2012 година играше за Реал Мадрид до крајот на претходната сезона. Од Мадрид се збогува како најтрофејниот играч во нивната историја.

За време на својата кариера во Реал, Модриќ ја освои и Златната топка, а интересен е фактот што официјалниот профил посветен на оваа награда му го честиташе роденденот по грешка, еден месец предвреме.

“Среќен роденден на Лука Модриќ, добитник на Златната топка во 2018 година”, беше напишано во објавата, заедно со слика на Модриќ.

Фудбалерот не остана должен и со духовит коментар ги коригираше “одговорните” за честитката, напишувајќи: “Следниот месец е, но сепак благодарам”.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Важен играч на Интер се повреди неколку дена пред финалето

Учеството на Маркус Тирам во финалето за Купот на Италија против Лацио во среда е под сери…