Дома Фудбал Шок од Островот: Пропаѓа трансферот кој требаше да биде најголем ова лето!

Шок од Островот: Пропаѓа трансферот кој требаше да биде најголем ова лето!

Англискиот шампион Ливерпул се обидуваше да го комплетира трансферот на Александер Исак од Њукасл. И покрај двата обиди, Њукасл одби и сега станува јасно дека овој трансфер на „Енфилд“ е речиси невозможен.

Според објавата на The Telegraph, Њукасл дефинитивно го блокира трансферот на Исак во редовите на „црвените“, информирајќи го дека ова лето не планираат да го продадат.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Понудата која Њукасл ја одби беше од 140 милиони евра, што би бил рекорден трансфер ова лето.

„Нема да одиш никаде ова лето,“ му порачаа од Њукасл на Исак, според The Telegraph.

Во средата, Исак беше отстранет од првиот тим на Њукасл поради недисциплина и поради претходното напуштање на тренинг кампот на „чавките“ за време на подготовките.

Му беше кажано на Исак дека ќе тренира одвоено од тимот, што создаваше чувство дека трансферот во Ливерпул е блиску до реализација. Сепак, денешните информации го отфрлаат тоа.

Новата сезона започнува следниот викенд, а Њукасл во првото коло ќе се соочи со Астон Вила.


Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Вакво нешто не се памети: Арсенал сака четворица фудбалери од ист клуб и ќе понуди 376 милиони евра!

Навивачите на Арсенал ги очекува необично интересно лето, бидејќи раководството на клубот …