Дома Фудбал Кога продажбата на дресови ти расте за 700%, а си еден од најголемите клубови во светот

Кога продажбата на дресови ти расте за 700%, а си еден од најголемите клубови во светот

Фудбалскиот клуб Ливерпул соопшти дека продажбата на новите дресови кои ги произведува Адидас е зголемена за 700 проценти во однос на претходната година кога Најки ги претстави комплетите.

Ливерпул потпиша десетгодишна соработка со германскиот бренд вредна 60.000.000 евра по сезона. Неодамна ги промовираа новите дресови кои ги воодушевија навивачите, играчите што пристигнаа ги добија бројките, па така доминира продажбата на „седумката“ од Флоријан Вирц.

„Без вино, животот би бил…“ – искрен разговор со енологот Теодор Бојаџиев


Веднаш по него е дресот кој клубот специјално го направи за покојниот Диого Жота со бројот „20“. Навивачите купуваат знаејќи дека клубот соопшти дека ќе сета приход од продажбата на дресови со неговото презиме ќе оди во клупската фондација која ќе се вика „Диого Жота“.

Фановите од над 150 земји нарачуваа дресови, што досега не е забележано во историјата на клубот.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

(Видео) Фудбалски судија ја застрелал својата девојка во Мостар, па сакал да си „пресуди“

Босанските медиуми пишуваат дека Анис Калајџиќ, кој е фудбалски судија со големо искуство …