Дома Фудбал Откриени цифри: Тадиќ ќе заработува неверојатна сума во Обединетите Арапски Емирати

Откриени цифри: Тадиќ ќе заработува неверојатна сума во Обединетите Арапски Емирати

Душан Тадиќ официјално стана нов член на Ал Вахда од Абу Даби, а неговата плата во новиот тим веднаш го привлече вниманието на јавноста.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Според најавите од медиумите во регионот, овој клуб од Обединетите Арапски Емирати го претстави искусниот играч од средниот ред како најголемо засилување летово.

Иако Тадиќ минатите недели беше поврзуван со Црвена Звезда, очигледно е дека враќањето во белградскиот клуб нема да се случи – наместо тоа, реши да прифати нов предизвик на Блискиот Исток.

Во Ал Вахда, Тадиќ ќе заработува фантастични седум милиони евра годишно, и тоа без било какви бонуси, што е сума која, според познавачите, никогаш досега не ја имал во кариерата. Договорот е потпишан за една година, со опција за продолжување на уште една сезона.

Тадиќ доаѓа во Ал Вахда по епизодата во Фенербахче, а претходно цели пет сезони блескаше во дресот на Ајакс, каде што беше клучен играч и капитен на холандскиот гигант.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Голманот на Мароко против Холандија ја изведе најгенијалната одбрана на пенал во историјата на фудбалот (Видео)

Мароко во 1/16 финалето на Светското првенство ја елиминираше Холандија по подобро изведув…