Дома Фудбал Ал-Наср не запира, започна преговори со Баерн за Коман

Ал-Наср не запира, започна преговори со Баерн за Коман

Саудискиот Ал-Наср очигледно нема намера да престане со трансферите откако веќе го привлече Жоао Феликс и е на прагот да го доведе и Иниго Мартинес.

Сега клубот на Кристијано Роналдо се насочил кон крилото на Баерн Минхен Кингсли Коман, соопштува ексклузивно Фабрицио Романо.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Ал-Наср веќе започнал преговори со баварците за 29-годишното француско крило. Саудитите го гледаат токму Коман како најдоброто решение за таа позиција.

Во овој момент сè уште не е јасно дали Баерн и самиот играч ќе бидат склони на трансфер, како и колку евентуално би побарале германските шампиони, иако во претходни публикации во германската преса се спомнувала сума помеѓу 35 и 45 милиони евра. Според информациите на новинарот Флориан Плетенберг, саудитите му понудиле на фудбалерот договор до 2028 година со сериозна годишна плата од 20-25 милиони евра нето. Самиот Коман има договор до 2027 година со баварскиот гигант. При негова продажба сигурно ќе треба и да се бара негова замена.

Иднината на фудбалерот е предмет на шпекулации речиси секој трансфер период во последниве години. Минатата година француското крило беше пред премин во друг саудиски клуб – Ал-Хилал, но на крајот одлучи да остане на „Алијанц Арена“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Во Манчестер сити не сакаат да го чекаат Гвардиола, ќе мора побрзо да одлучи!

Управниот одбор на Манчестер Сити формално побара од менаџерот на тимот, Пеп Гвардиола, да…