
Ниту рекордерот Лионел Меси, ниту Кристијано Роналдо, ниту пак минатогодишниот добитник Родри не се дел од листата од 30 номинирани за Златната топка, славната награда за најдобар фудбалер во изминатата сезона.
На списокот од 30 фудбалери, очекувано, најголемиот број доаѓаат од актуелниот европски шампион, Пари Сен Жермен. Од францускиот тим, најголемите шанси за наградата му се припишуваат на Усман Дембеле. Но, она што го прави овој избор посебен е што ниту еден од листата претходно не ја освоил оваа награда.
Кој е фаворит за трофејот во Првата лига!? | Overtime with TJ
Барселона, која ја освои шпанската лига и купот, има четири номинирани играчи, меѓу кои е и 18-годишниот Ламин Јамал како најмлад, и 36-годишниот Роберт Левандовски како најстар.
Реал Мадрид вклучува три играчи на листата, меѓу кои е и Винисиус Жуниор, кој минатата година беше голем фаворит, но наградата на крајот отиде кај Родри.
Скот Мектомини е еденствениот претставник на Наполи, актуелниот шампион на италијанската Серија А, кој исто така се наоѓа меѓу потенцијалните добитници на Златната топка.
Номинациите за Златната топка ги вклучуваат: Усман Дембеле (ФРА/ПСЖ), Џанлуиџи Донарума (ИТА/ПСЖ), Џуд Белингем (АНГ/Реал Мадрид), Дезире Ду (ФРА/ПСЖ), Дензел Дамфриз (ХОЛ/Интер Милано), Серхи Гираси (ГВИ/Дортмунд), Ерлинг Халанд (НОР/Манчестер Сити), Виктор Ѓокереш (ШВЕ/Арсенал), Ашраф Хакими (МАР/ПСЖ)
Хари Кејн (АНГ/Бајерн), Квица Кварацхелија (ГРУ/ПСЖ), Роберт Левандовски (ПОЛ/Барселона), Алексис Мекалистер (АРГ/Ливерпул), Лаутаро Мартинез (АРГ/Интер Милано), Скот Мектомини (СКО/Наполи)
Килијан Мбапе (ФРА/Реал Мадрид), Нуно Мендеш (ПОР/ПСЖ), Жоао Невес (ПОР/ПСЖ), Педри (ШПА/Барселона), Кол Палмер (АНГ/Челси), Мајкл Олисе (ФРА/Бајерн), Рафинја (БРА/Барселона), Деклан Рајс (АНГ/Арсенал)
Фабијан Руиз (ШПА/ПСЖ), Вирџил ван Дајк (ХОЛ/Ливерпул), Винисиус (БРА/Реал Мадрид), Мохамед Салах (ЕГИ/Ливерпул), Флориан Виртц (НЕМ/Ливерпул), Витиња (ПОР/ПСЖ), Ламин Јамал (ШПА/Барселона).
Лионел Меси ја има освоено Златната топка осум пати, Кристијано Роналдо пет, додека по трипати ова престижно признание го добија Јохан Кројф, Мишел Платини и Марко ван Бастен.