Дома Фудбал Гарначо е пред трансфер во голем ривал на Манчестер Јунајтед!

Гарначо е пред трансфер во голем ривал на Манчестер Јунајтед!

Alлехандро Гарначо би можел наскоро да се пресели во еден од најголемите ривали на Манчестер Јунајтед..

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Аргентинскиот напаѓач веќе подолго време е надвор од тимот на Манчестер Јунајтед поради несогласувања со тренерот Рубен Аморим, а во наредните денови би можел да се согласи на трансфер во нов клуб.

Гарначо ги договори сите лични услови со Челзи и се чека на двата клуба да постигнат согласност за обесштетување.

Гарначо има неиспорен талент, но како што целата екипа на Јунајтед имаше историски лоша сезона, така и тој не успеа да се истакне. Нервозата се зголеми што доведе до расправии со тренерот Аморим, па разделбата стана неизбежна.

Иако имаше и други понуди и опции, Гарначо од самиот почеток сакаше да остане во Премиер лигата и да се приклучи на Челзи. Лондонскиот клуб наскоро би можел да го реализира трансферот на Чави Симонс.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Лукаку го одигра последниот натпревар за Наполи

Напаѓачот на Наполи Ромелу Лукаку нема да учествува во последните два натпревари на тимот …