Дома Фудбал Директорот потврди: Донарума веќе не е прв голман на ПСЖ!

Директорот потврди: Донарума веќе не е прв голман на ПСЖ!

Ситуацијата со Џанлуиџи Донарума и неговиот останок во ПСЖ стана многу појасна.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Клубот од Париз и италијанскиот голман веќе подолго време не успеваат да се согласат за продолжување на договорот, а сега тоа и официјално ќе заврши.

Директорот на ПСЖ, Луис Кампос, објави дека следната сезона прв избор на голманската позиција ќе биде Лукаш Шевалије. Тоа значи дека францускиот шампион ќе бара нов ангажман за Донарума уште летово.

На италијанскиот голман му истекува договорот наредната сезона, и сега е јасно дека нема да се продолжи соработка. Донарума сакаше повисока плата, но клубот не беше подготвен да го прифати тоа. Затоа, ќе има разделба.

Интерес за Донарума постои и од Премиер лигата. Челзи, Манчестер сити и Манчестер јунајтед се во трка за неговиот потпис, а интерес покажуваат и клубови од Саудиска Арабија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Флорентино Перез го повика Чеферин, темата е Барселона: “Да видиш што правеле, има 500 страници”

Првиот човек на Реал Мадрид, Флорентино Перез, одлучи ’случајот Негреира’, во кој е најгол…